Меѓу другото точки советниците расправаа и по вториот ребаланс на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година, кој согласно одлуката за изменување и дополнувања бележи незначително намалување од околу 5 проценти кој ќе изнесува 315,2 милиони денари.
-Намалувањето на вкупниот Буџет со измените и дополнувањата е за 16,3 милиони денари, со намалување на основниот буџет за 9,2 милиони денари, намалување на приходот на самофинансирачки активности за 2,6 милиони денари и намалување на Буџетот на кредити за 4,4 милиони денари, истакна Анка Христова од Одделението за финансии која пред советниците ги образложи новите измени во Буџетот.
Во Буџетот на дотации и донации, износите како што додаде Христова не се менуваат, освен во делот на прераспределба на одредени планирани расходи каде има измени во поодделни расходни ставки.
На првата Седница на новиот делчевски Совет беа формирани и 7 комисии меѓу кои и Комисијата за статут и прописи, финансирање, буџет и ЛЕР, урбанизам, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај, јавни дејности, еднакви можности и Комисија за спорт.
Поради обемноста на Дневниот ред Седницата со периодични паузи продолжи со разгледување на останатите 24 точки на Дневниот ред.