Во насока на унаредување на 28-годишното партнерство помеѓу Македонија и Националната гарда на Вермонт, делегацијата ќе има средби со претставници од владата и од бизнис заедницата, и ќе разговара за можности за проширување на партнерството меѓу армиите и економска соработка помеѓу Македонија и Вермонт. Во текот на посетата, заменикот гувернер Креј, секретарот за трговија Карл и генерал мајорот Најт ќе присуствуваат на денот на високи гости за воената вежба Одлучен Удар 21, и ќе се сретнат со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арианит Хоџа.
Програмата за државно партнерство поврзува сојузни држави на САД со други земји, со цел остварување безбедност и иницирање економски врски. Програмата за партнерство помеѓу Вермонт и Македонија почна во 1993 и вклучува кратки годишни ангажмани со ограничен опсег помеѓу армиите на двете земји, заедничко учество во вежби и распоредување на сили во Авганистан во 2010 година каде единиците од Македонија рапортираа директно на штабот на 86-та Бригада. Програмата за државно партнерство сега вкучува и медицински и ангажмани за заштита и спасување. Тековното рагледување на можности за економско партнерство помеѓу Вермонт и Македонија е логична еволуција на програмата, се вели во соопштението од Американската амбасада.