Според зборовите на директорот на Цивилната заштита, Фабрицио Курка, што го пренесува агенцијата Анса, постои мала веројатност делови од сателитот, дури и да паднат, да ги оштетат зградите, но на граѓаните им се препорачува да останат зад затворени врати во околу 2,00 часот на 9 мај.
Како што веќе беше најавено, остатоците од кинескиот сателит, кој е во орбита без контрола со центарот на Земјата, треба да паднат, според кинеските експерти, некаде во морето, но има и мала веројатност тие да завршат таму каде што не се планирани.