Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 01.07.2022 година (петок), без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 1515 во нас. Пинтија. (Oпштина Кисела Вода)
од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ефтим Спространов и Димитар Мирачиев. (Oпштина Кисела Вода)
од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Бриселска. (Oпштина Карпош)
Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека на ден 01.07.2022 година, (петок ), поради технички зафати во водоводната мрежа, (изведување на приклучок), на ул. Козле бр.3/33, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Козле – крак бр. 3. (Општина Карпош).