Ви го пренесуваме нивниот демант:
СДСМ најостро ја демантира лажната вест објавена на медиумите Лидер, Нетпрес, Република и Курир под наслов „Сања Лукаревска со службено возило на УЈП на партиски настан“ објавен на 02.10.2021.
‼️На фотографијата која е објавена во веста јасно се гледа автомобил на СДСМ.
‼️И Сања Лукаревска и сите функционери на СДСМ своите партиски агенди ги вршат исклучиво со возила на партијата, сопствени или позајмени приватни возила без да го злоупотребуваат возилата од институциите во кои работат.
‼️Бараме ИТНО објавување на овој демант и повлекување на лажната информација објавена од ваша страна.
‼️Во спротивно, ќе ги преземеме сите правни механизми пред надлежните судови согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.