Професорот Александар Спасеновски при гостувањето во „Тема на денот“ во централниот дневник на телевизија Сител посочи дека причините треба да се бараат во одговорот на прашањето кому му користи ваквиот обид за разгорување на меѓуверските тензии. Професорот говореше за политичката полемика што го опкружуваше поставувањето на крстот во кругот на манастирот „Свети Наум“ на Попова Шапка.
Најмалку што ни е потребно е разгорување на верска нетрпеливост, а причините може да се најдат кај некои партии кои сакаат да остварат краткотрајна корист, но не треба да се исклучат и други надворешни хибридни влијанија на кои не им одговара стабилна Македонија – вели Спасеновски.
Нормално е да има верски симболи во дворовите на верските објекти, затоа, според професорот Спасеновски, верската симболика на Попова Шапка не е изменета во текот на изминатите многу децении.