Лошата економска состојба, сиромаштијата, непочитувањето на законите, целосната партизација на институциите  се само дел од причините за огромен број на македонските граѓани спасот да го бараат во земјите од ЕУ.

Една од најпрималивите дестинации за работа е секако Германија.

Иако голем дел заминуваат со помош на бугарските пасоши, дел од граѓаните среќата си ја пробуваат и преку добивање т. н работни визи од Германската амбасада во Скопје. За нашите граѓани Германија има привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот, согласно „ Регулативата за Западен Балкан“.

Токму за ова аплицирање кое беше отворено неделава, за само неколку часа, имало над 50 000 прегледи, соопшти  денеска германската амбасада во Скопје.

По негативните коментари од страна на граѓаните, Германската амбасада на социјалните мрежи објаснува дека станува збор за одредена квота и само дел од граѓаните може да добијат прилика.

Изминатите денови добивме многу повратни реакции од Вас за доделувањето на термини за визи за Западен Балкан. За жал, Вашите реакции беа претежно негативни и од тие причини сакам уште еднаш да Ви ја претставам ситуацијата: Сојузната влада овозможи за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд. Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање.

Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (нашата објава од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика. Сегашниот систем на доделување на термини, кој впрочем се користи во сите 6 земји од регионот, треба да и овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето. Затоа Ве молам за Вашето разбирање и Ви ветувам истовремено, дека постојано работиме на подобрување на доделувањето на термините, за истото да биде потранспарентно за Вас, стои во соопштението од Амбасадата

 

Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив С. Македонија добива годишна квота од 4.750 визи, стои во објаснувањето од Амасадата на ФБ.

Пред само две години согласно податок од Германската амбасада,  дневно во Германската амбасада во Скопје има 70-80 луѓе кои аплицираат за работна виза. Повеќето од нив се сезонски работници, мајстори и занаетчии, а тие што бараат подолг престој се медицински сестри и лекари