Салиу и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беа на состанок со 43 општински организации на ДСР, за да разговараат на оваа тема, а претставници на двете партии веќе разговараат и за советничките листи.
-Секаде каде што ВМРО-ДПМНЕ ќе има кандидат за градоначалник, максимално ќе го поддржиме, а за советничките листи комисиите разговараат со ВМРО-ДПМНЕ за одредено партиципирање на наши советници на тие листи. ВМРО-ДПМНЕ секогаш знаела да го применува принципот на еднаквост на субјектите, со ВМРО-ДПМНЕ нема сегрегација, нема нарушување на основните човекови права и ние како стар коалициски партнер уште од 2003 година продолжуваме понатаму во соработка на локалните избори, изјави Салиу.
Мицкоски, пак, рече дека се радува што од ДСР донеле таква одлука и порача дека е важно сите прогресивни политички сили и од македонскиот и од албанскиот блок, како и на помалите етнички заедници, да се приклучат на коалицијата за да ја променат актуелната власт која, според него, четири години ја репресира и уназадува државата.
На прашање за соработката со други опозициски партии, Мицкоски им одговори на новинарите да бидат трпеливи и ќе го дознаат начинот на кој ќе се одвива соработката.