– Има објекти изградени во заштитени зони, што е спротивно на деталните урбанистички планови и објекти кои ја попречуваат реализацијата на урбанистичките планови. Ставањето во нерамноправна положба на граѓаните е спротивно на принципот на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред законите, посочуваат од ДЦ.
Чесните граѓани, велат, подготвуваат проекти, бараат дозволи за градба, плаќаат комуналии и ги почитуваат сите прописи.
– Додека оние што градат бесправно и узурпираат земјиште, диво се приклучуваат на водоводните мрежи, електричната енергија, ги кршат сообраќајните решенија и слично, не смеат да бидат и натаму мотивирани и лош пример за во иднина, смета Демократскиот сојуз.
Оттаму велат дека имаат разбирање за социјалните аспекти, но никако не се за градежен хаос и легализација на хациенди, деловни објекти, куќи со базени итн.