И покрај тврдењата на Ден Дончев во март минатата година дека 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба.
– Ги испитувавме ние и другите приливи, но тие податоци мислам дека треба и другите институции да ги проверат, бидејќи ние не можеме од Австралија да ги провериме сите тие трансакции. Затоа предлагам предметот да го затвориме и порекршочна санција да му се изрече на Дончев за неподнесување на финансиска состојба, изјави за Сител, членот на ДКСК Горан Трпеноски.
Инаку, лани во медиумите се појави видео на кое се гледа како Ден Дончев од едно лице зема купче со пари и ги става во својта торба. Токму за името на Дончев се поврзуваа повеќе афери.