Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по гласањето.
-Гласот е тивок, но моќен инструмент, и токму затоа ве повикувам сите искрено и масовно да излезете, да застанете зад она во што верувате и да го направите вистинскиот избор! Ова е ден кога народот зборува. Ден кога секој од нас има еднаква тежина, еднаква чест и еднаква одговорност, рече Мицкоски.
„Нашиот глас е нашата сила, да ја искористиме достоинствено“, рече тој.
