Денеска христијаните го слават Велигден според Грегоријанскиот календар. Според христијанското верување, Исус Христос воскреснал на третиот ден по неговата смрт. Како спомен на тој ден, христијаните ширум светот го слават овој празник во зависност од календарот.

Според православното верување, јајцата се бојадисуваат за Велигден како симбол на Христовото воскресение, а првото јајце што се вари обично се бојадисува црвено, што е симбол на Христовата крв и се чува во текот на целата година како „чувар на куќата“.

На овој ден вообичаено е сите членови на семејството да се соберат и да бидат заедно. Во исто време, овој ден слави нов почеток, дури и почеток на пролетта.

Марија Магдалена му подарила црвено јајце на римскиот император Тибериј кој не верувал во Христовото воскресение и го поздравила со зборовите „Христос воскресна“. Оттогаш, насекаде во деновите на Воскресението Христово се подготвуваат велигденски јајца како симбол на неговото воскресение.

Велигден, празник кој ја симболизира победата на животот над смртта, денес го слават католиците, протестантите, англиканите, како и некои православни и бројни помали цркви.

Верниците кои го слават Велигден според јулијанскиот календар овој празник ќе го слават на 5 мај.