Православните христијани денеска, 7-ми август, го празнуваат успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија.

Света Ана била ќерка на свештеникот Метан. Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум се напишани и службата и житието.

Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. По долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.Со својот маж Јоаким 50 години живеела без деца, а потоа во подоцнешните години ја родила Марија, Пресвета Богородица. Јоаким со години бил скршен од болка поради тоа што нема деца со Ана, а приказната вели дека во една прилика отишол во пустина каде што со денови тагувал. Еден ден, му е укажал ангел кој му рекол дека господ ќе го благослови со дете, а подоцна истиот ангел го видела и Ана.

Кога им се родила ќерката Марија, Ана и Јоаким му ветиле на Господ дека детето ќе му го посветат на храмот. Затоа се верува дека луѓето со ова име се среќни и носат позитивни животни промени.