Температура до 37 степени и сончево време низ Македонија
Денес времето ќе биде претежно сончево, а според прогнозата максималната температура до 37 степени ќе се почувствува во неколку региони. Утринските температури се движат меѓу 9 и 20 степени, а слаб ветер од променлив правец ќе дува во текот на денот.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Промена на времето од среда
Во среда и четврток се очекува променливо облачно време, со услови за пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. Потоа следува стабилизирање на временските услови и повторно повеќе сончеви периоди.