До крајот на денешниот ден ќе се задржи сончевото време со мала до умерена облачност, а во текот на ноќта ќе биде ведро, додека во западните делови ќе има појава на умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во утрешниот ден не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степени.

Во главниот град на Република Македонија утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од вторник не очекува зголемување на облачноста со појава на локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.