Ракометниот клуб Пелистер се пласираше во финалето на Купот на Македонија откако славеше со 29:33 (13:16) против Тиквеш.
Битолчани ја оправдаа фаворитската улога, но се помачија за да дојдат до победата.
Радивојевиќ со десет голови беше најдобар во составот на Пелистер, Кузмановски даде пет, по четири реализираа Тајник и Пешевски.
За Тиквеш, Симиќ и Мијатовиќ дадоа по пет гола.
Во битката за трофејот, Пелистер ќе ги измери силите со подобриот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид.
Нивниот натпревар се игра денеска со почеток од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски