Министерот на економија Крешник Бектеши вечерва на Фејсбук објави дека седум правни субјекти во Скопје се казнети со по 7000 евра за непочитување на владините одлуки.

– Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Владата, наведува Бектеши во објавата.

Тој посочува и дека Законот за заштита на потрошувачи предвидува и затворање на дејноста „за нечесни практики во трговијата, кои одат на штета на граѓаните\потрошувачите“.