Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се состане со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Продолжува меѓувладиниот самит во Будимпешта. На агендата се предвидени тет-а-тет разговори меѓу премиерите, билатерални средби на ресорните министри и заедничка седница на двете влади.
„Топло добредојде во пријателска Унгарија“: Мицкоски пристигна во Будимпешта
Самитот започна со средба на министрите за надворешни работи на двете земји, Тимчо Муцунски и Петер Сијарто.
Сијарто ја потврди поддршката на Унгарија за членството на Македонија во ЕУ и ја критикуваше лицемерноста на некои земји-членки на Унијата.
Муцунски нагласи дека земјата е на клучен крстопат во евроинтеграциите. Тој истакна дека целта е да стане полноправен член на ЕУ до 2030 година.
Двајцата министри разговараа и за конфликтот во Украина, при што изразија поддршка за мировните напори на САД.
Муцунски потврди дека надворешната политика на Македонија се базира на членството во НАТО, усогласеноста со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД.
Се огласи и министерот за транспорт, Александар Николоски.
Николоски посочи дека ова партнерство е важен елемент за идниот развој и напредок на Македонија, особено во контекст на европските интеграции. Владиниот самит во Унгарија е продолжение на стабилната и пријателска соработка која постои меѓу двете држави. Конференцијата ќе ги разгледа и можностите за продлабочување на економските и политичките врски.