Со почит за загинатите пред спомен обележјето во кругот на прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер во Прилеп почнуваат чествувањата за 23-годишнината од загинувањето на 10 прилепски армиски резервисти кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово.

На 8 август 2001 година конвојот на АРМ беше запрен во заседа и загинаа 10 припадници на резервниот состав кои утрото тргнаа од Прилеп во конвој да го бранат територијалниот суверенитет и интегритет на државата. Животот го загубија Сашо Киртаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоцван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Во касарната ќе биде посетена и Спомен-собата на 5-ударна бригада-прилепска каде се фотографиите и спомените за десетте загинати резервисти.

Во спомен на загинатите, во манастирот „Света Петка“ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба.

Централното чествување е утре, на 8 август, пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот.