Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека претставници на Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат во декември, за време на самитот на Г20 во Мајами. Сепак, Вашингтон и Москва засега не го потврдиле состанокот, а како можни места се разгледуваат и европска земја или држава од Блискиот Исток.

„Состанокот би можел да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, сè уште нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Би можел да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата Ватсап.

Тој додаде дека состанокот би можел да се одржи и во една од земјите на Блискиот Исток.