Полициски службеници од СВР Скопје синоќа извршиле контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што од слобода се лишени 10 лица. Тие се сомничат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Како што соопшти МВР, кај З.Д.(39) од Битола, В.К.(33) од Струга, И.Т.(21) и М.Б.(19) од Куманово, Б.Е.(37), Е.Б.(24) и М.Х.(25) од Косово, В.Ц.(50), Г.Ц.(47) и Л.М.(18) од Скопје била пронајдена марихуана.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против ќе биде поднесен соодветен поднесок.