Десетина илјади луѓе во ДР Конго се евакуирани денеска поради опасност од нова ерупција на вулканот Нијирагонго.
Воените власти во Конго утрово наредиле евакуација на дел од градот Гома во источно Конго, а населението од 10 од 18 населби привремено е преместено бидејќи ерупцијата би можела да се случи во било кој момент, пренесува “AP”.
Иако градот Гома не настрадал во саботната активност на вулканот, сега и тој е под закана, а властите освен на копно предупредуваат и на можна ерупција под езерото Кивy, која би можела да доведе до експлозија на гас со штетни последици во соседна Руанда.
Во ерупцијата на вулканот на истокот на Конго во саботата загинале најмалку 32 лица и уништени биле повеќе од 500 куќи, соопштиле локалните власти.
Според зборовите на локалните службеници, повеќе од 10 луѓе загинале во сообраќајни несреќи обидувајќи се да побегнат од загрозеното подрачје.
Situation actuelle sur la route saké. Les déplacés en provenance de #Goma… Les véhicules et motos chargés avancent mais doucement! #nyiragongo #Goma #RDC #sake pic.twitter.com/8JfTePO1so
— Esther Nsapu (@Ensapu1) May 27, 2021
Гома била уништена при ерупцијата на вулканот во 2002-ра година, кога загинале стотина луѓе, а повеќе од 100.000 лица останале без покрив над главата.