Лидерот на централно-десничарскиот Демократски сојуз објави победа на парламентарните избори во Португалија, јави БТА.
На своите поддржувачи, лидерот Луиз Монтенегро им вети промени:
„Португалците рекоа дека сакаат промена на власта. И уште повеќе, тие сакаат промена на политиката. Сепак, нашиот Демократски сојуз нема да владее со екстремно десничарската формација Шега („Доста“) и нема да склучи договор со неа. Што во пракса не е јасно како ќе се спроведе.
Социјалистичката партија, која владее од 2015 година, го призна поразот и рече дека ќе ја води опозицијата за да не ја препушти таа улога на крајната десница. Со пребројани 99 отсто од гласовите, социјалистите заостануваат со многу мала разлика.
Распределба во парлементот
Според распределбата на мандатите, Демократскиот сојуз ќе има 77 места во парламентот, а социјалистите – 74, екстремно десничарската Шега, која го удвои својот резултат од претходните избори, ќе има 46 пратеници.
Гласањето беше предвремено и беше постигнато по оставката на премиерот Антониј Кошта, кој беше под истрага за злоупотреби во администрацијата.