„Доналд Трамп има многу детални планови за брзо завршување на војната во Украина доколку биде избран за претседател. Нема да даде ниту цент за оваа војна, а ако Америка не даде пари, Европејците не можат да ја финансираат и ќе биде готово“. Ова го опиша унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервјуто во неделата по неговото враќање од САД, каде што беше поканет од поранешниот претседател и се сретна со него.

„Тој не сака да ја финансира безбедноста на Европа наместо Европејците. Ние мора да имаме своја војска со сопствено оружје. Мораме да можеме да ја браниме нашата земја“, додаде Орбан.

Според „Блумберг“, една од идеите на Трамп била да испровоцира самит Украина-Русија, принудувајќи го Киев преку закана да ја прекине помошта, а Русија – дека може да ја зголеми за Украинците доколку Москва не одговори.

(ФОТО+ВИДЕО) Орбан се сретна со Трамп: Фаворитот за победник на претседателските избори во САД

Претходно, екс американски претседател Доналд Трамп кој е фаворит за победа на изборите во САД се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Нивната средба на Флорида ја пренесоа светските агенции, а заклучокот беше: „Мораме заедно да ги браниме САД и Европа од либералите“.