Сепак, како што известуваат хрватските медиуми, тој преживеал и бил однесен во болница, а телата на трите деца, од кои најмалото четиригодишно дете кое било пронајдено во спалната соба, како и близнаците во дневната соба, ги шокирале сите полициските службеници кои биле на местото на ова невидено злосторство.
Не е познато кој пријавил во полиција дека нешто се случило во станот на трикатната урбана вила со поткровје, но полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот. Во спалната соба, на креветот го пронашле мртвото тело на четиригодишното дете,а близнаците, момче и девоче, во дневната соба, во која се наоѓале и нивните играчки со кои си играле претходната вечер.
Како што неофицијално дознава Јутарњи. хр родителите на децата се развеле и децата најверојатно викендот требало да го поминат со својот татко, кој ги задавил со свои раце, а по тој луд чин очигледно посегнал по оружје и се обидел да пресуди сам. Засега не е познато во каква состојба е таткото.
Полицијата спроведува истрага, а утрово телата на трите деца се пренесени во Институтот за судска медицина и криминологија, каде што обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта.
Јутарњи пишува дека таткото на децата е искусен финансиски консултант кој дипломирал на Donau-Universität Krems и магистрирал бизнис администрација. Работел во некои водечки австриски лизинг компании, но и на менаџерски позиции во Роберт Бош АГ, Алкател АГ и други.