Две лица се повреднеи од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која вчера претпладне се случи во близина на зградата на Општина Чаир.
Од МВР информираат дека несреќата била пријавена во 11 часот, а се случила на крстосница од ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Ферид Бајрам“.
Во несреќата учествувале автомобил „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки управуван од Х.И.(26) од Скопје и „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Ф.(47) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Ф., а сопатникот од истото возило Ј.И.(35) од Скопје се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил и возачот Х.И. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.