На 24.04.2021 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на на ул.„500“ во с.Марино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Скопје и мопед „априлија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Скопје, соопшти МВР.
Од здобиените повреди малолетникот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилото било однесено на вонреден технички преглед.