Епицентарот на земјотресот бил на осум километри од Корча, на длабочина од два километри, а треперењето траело неколку секунди и ги вознемирило граѓаните, пренесува „Albanian Dejli Njuz“.

Oд Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека земјотрес со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала и епицентар во Албанија, 160 километри југозападно од Скопје е регистриран денеска во 00:21 часот.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 19 јули 2021 година, во раните утрински часови, 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 160 километри југозападно од Скопје, се вели во соопштението од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML3.5 и е почувствуван од населението особено во југозападните делови со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала.

Албанија пред две години беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер, а во него загинаа 51 лице и беше предизвикана огромна материјална штета.