На кои партии им беа прифатени приговорите?

Од вкупно поднесените 27 приговори, шест од усвоените приговори се во изборната единица пет, од кој пет на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, еден приговор на СДСМ. Во изборната единица шест, прифатен е приговорот од Коалицијата „Вреди“.

За кои места се однесуваат усвоените приговори?

Желино, ИМ 2101 поднесен од Коалицијата Вреди;

Охрид, ИМ 1272 поднесен од Коалицијата Твоја Македонија;

Крушево, ИМ 1194 и ИМ1202 поднесен од Коалицијата Твоја Македонија;

Струга, ИМ 1844 поднесен од Коалицијата Твоја Македонија и Коалицијата За Европска иднина;

Долнени, ИМ 1470 и ИМ 1470/1 поднесен од Коалицијата Твоја Македонија.

Останатите приговори се одбиени.

Обвинувања од партиите

Коалицијата „Вреди“ со став- изборните манипулации на ДУИ потврдени од ДИК.

Прифаќањето на некои приговори од петтата и шестата изборна единица е оспорување на нашиот легитимитет, велат од Европскиот фронт. Најавија тужби до Управниот суд, но и дека ќе ги информираат меѓународните институции. Од Европскиот фронт тврдат дека членовите во ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „Вреди“ добиле инструкции како да гласаат.

Коалицијата „Храбро за Македонија“, предводена од партијата ГРОМ на Стевче Јакимовски, обвини за изборен инженеринг и украдени гласови на нивна сметка. Според Јакимовски, одредени структури од Државната изборна комисија од само три места, им скратиле повеќе од 600 гласови.

Блиску до промена на мандатите

Прегласувањето на спорните избирачки места можат да предизвикаат промена на бројот на мандатите. Можно е ДУИ на двете места да изгуби пратеник, а на нејзина сметка СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да добијат еден повеќе. Детално може да прочитате со веста во продолжение.

Со прегласувањето ДУИ може да изгуби два пратеника?

По одлуката на ДИК политичките субјекти има право на тужба до Управен суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесена тужба.