Петгодишно дете од Делчево, кое синоќа проголтало две таблети антидепресиви за возрасни, е во стабилна состојба. Неговата опсервација продолжува на Детската клиника во Скопје.
Според директорот на Детска клиника д-р Реџеп Мемеди, детето е примено во стабилна состојба и се мониторира во текот на дежурството со стабилни параметри. Првичните информации укажуваат дека детето проголтало таблети золпиден, кои се користат за регулирање на сонот кај возрасни.
Случајот бил пријавен синоќа. Детето било донесено во Детското одделение на Општата болница во Кочани. Поради понатамошна контрола и превентивни мерки, беше препратено во Скопје.
Мемеди апелираше на внимателност од страна на родителите и нагласи дека вакви случаи се чести, па родителите треба да бидат внимателни каде ги остават лековите и супстанците на дофат на децата.
Доктор Мемеди истакна дека ако состојбата на детето остане стабилна, опсервацијата ќе продолжи до утре, по што се очекува детето да биде пуштено дома.
Извор: Нова Македонија