Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес заедно со в.д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески извршија увид во текот на темелната реконструкција на главната кујна на детската градинка “Срничка”, во објектот “Чекорче”, која подразбира промена на плочки, рушење ѕидови, промена на водоводна мрежа и промена на електрична инсталација.

-По завршување на овие активности и опремување со целосно нова апаратура, оваа современа и функционална кујна ќе ги задоволи потребите и капацитетите на големиот број дечиња кои ја посетуваат оваа градинка, а вработените во целост и непречено ќе ги извршуваат работните задачи.
Средствата за реализација на оваа реконструкција се обезбедени во соработка со Светска банка, вели Велковски.

Инаку, по цели 40 години се врши темелна реконструкција на главната кујна на детската градинка „Срничка“ во објектот „Чекорче“.