Ѕвездата на Вардар, Тимур Дибиров ќе го напушти клубот по крајот на сезоната, тој девет години е дел од македонскиот шампион и беше дел од најголемите успеси на клубот.

Дибиров во Вардар е уште од почетокот на создавањето на моќниот проект кој двапати ја освои Лигата на шампионите.

Тој објави дека за него ова е последна сезона во Вардар и сака да се збогува со шампионската титула.

„Оваа сезона е моја последна во дресот на Вардар. За жал овој меч со Веспрем во Скопје беше мој последен во Лигата на шампионите и најмногу што би сакал е во Битола да победиме, да ја освоиме титула и така да се збогувам со Вардар. Ова е моја одлука!“, соопшти Дибиров во интервју за „Само ракомет“.

„Планот ми беше следната сезона да ми е последна, некаде на средина да објавам дека се повлекувам. Не е проблем во парите, ниту зборувам дека не сум добил договор, едноставно“.