Мајор Дијана Нешиќ денеска официјално ја прими должноста командант на Баталјонот за врски при Армијата на Република Македонија. Воената свеченост и протоколот за приемот на раководната должност се одржаа во касарната „Илинден“ во Скопје.

Настанот се одвиваше пред стројот на припадниците на единицата и бројните присутни високи воени гости и претставници на одбраната.

Со свои пригодни обраќања пред присутните се обратија командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, како и новопоставениот командант на Баталјонот за врски, мајор Дијана Нешиќ.


Во своите излагања беше потенцирана улогата и стратешкото значење на врските и комуникациите за ефикасно функционирање на Армијата во современи услови.
