Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска освоила 67.802 гласа, додека кандидатот на СДСМ Петре Шилегов 63.865 гласа и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.

Зад Арсовска и Шилегов е Петар Георгиевски од Левица со освоени 15.611 гласа, потоа Арбен Шакири од ЛДП/ДОМ со 7 377 гласа и Ана Петровска од Зелен Хуман град со 7.147 гласа.