Државната изборна комисија на јавна седница треба да решава по поднесените 27 приговори за резултатите од парламентарните избори. Рокот истекува вечер пред полноќ. 10 се од коалицијата „Вреди“, 8 од ВМРО-ДПМНЕ, 5 од СДСМ и 4 од Левица, главно за 5-та и 6-тата изборна единица.
Доколку се усвојат некои од приговорите и се прегласува на одредени избирачки места, тоа може да донесе промени во распоредот на мандатите во двете изборни единици. Доколку биде отфрлен, подносителот на приговорот има рок од 24 часа да поднесе тужба до Управниот суд, кој пак носи одлука за 48 часа, која е конечна.