Најмногу пријавени кандидати за градоначалник – 12 има за Град Скопје. За скопските градски и приградски општини за Центар се пријавени седум кандидати за градоначалник, за Аеродром пет, за Бутел два, за Карпош шест, Кисела Вода шест, Гази Баба четири, Ѓорче Петров шест, Чаир пет, Арачиново три, Сарај четири, Шуто Оризар шест, Илинден четири, Петровец три, Сопиште два, Студеничани три и Чучер Сандево четири кандидати за градоначалник.
Од другите општини во земјава најмалку кандидатури за градоначалник, само две има во Маврово Ростуше.
Од ДИК велат дека податоците за листи на кандидати за членови на советите се во обработка.