Министерката за финансии реагираше на предлозите на опозицијата
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, вчера истакна дека предлозите на опозицијата не се предмет на дискусија, бидејќи гласачите во изборите пред повеќе од година и пол јасно ја одредија довербата.
„Во однос на оние предлози кои ги дава опозицијата, не би сакала да зборувам затоа што имавме избори пред повеќе од година и пол и повеќе од јасно е гласачите на кого ја дадоа довербата. Ако тие беа добри и дадоа добри мерки во 2022 година, најверојатно во 2024 година ќе беа победници, а не губитници, така што не би сакала да дискутирам во однос на нивните предлози“, рече Димитриеска-Кочоска.
Контрола на инфлацијата и цените на храната
Министерката потсети дека опозицијата, тогаш на власт, предизвикала висока инфлација на храна во 2022 година, која изнесувала над 20%, а за одредени производи и над 30%.
„Имаме средби со трговците, при кои ни беше констатирано дека до овој момент немаме посериозни притисоци за промена на крајните цени. Дали ќе реагираме? Кажавме ќе реагираме. Колку ќе реагираме? Ќе реагираме соодветно во ситуациите како ќе се менуваат состојбите. Но од напред да приодицирам или да кажувам или да споредувам пак, состојбите не се споредливи, затоа што денес имаме инфлација која што е под 5%, кога станува збор за храна“, рече Димитриеска-Кочоска.
Владата постојано следи и ќе интервенира
Министерката нагласи дека Владата ја следи економската ситуација и има јасно предвидени мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
„Не знам како опозицијата бара минус 4 денари да се намали акцизата, кога тие истите во самите закони напишале дека цената на акцизата може да се намали за 4 денари доколку прво имаме кризни и вонредни состојби и доколку цената на нафта по тон е повеќе од 1.200 долари. Во овој момент се уште цената не е таква. Во законите точно се си има пропишано, ги следиме и ќе одговориме соодветно, согласно тоа како ќе се движи цената на нафта“, заклучи Димитриеска-Кочоска.
