Понекогаш се прашувам дали во економскиот тим во СДСМ имаат срам (тоа е се разбира доколку ги разбираат работите) или пак се се сведува на непознавање на економијава, напиша Гордана Димитриевска Кочовска,  од ВМРО ДПМНЕ.

Па потоа си велам како може да незнаат до толку кога сега да прашаме било кој граѓанин ќе ни каже дека цените се во плафон и дека одвај врзуваат крај со крај.

Се испофалија денес дека просечната плата во мај се зголемила за 9,4% ама не напишаа дека инфлацијата во тој ист месец е 12,1 % или народски кажано помалку ќе купат за тие пари во однос на мај 2021.

Да не заборавиме и во мај 2021 цените растеа со повисока инфлација отколку во другите земји што не води до заклучок дека најлошо живееме во Европа. А тоа го кажуваат и податоците на Еуростат. Согласно еуростат нашите плати најмногу одат на храна или одвај преживуваме. Затоа ги замолувам од СДСМ нека си фатата друга тема, на оваа губат 100:0, напиша Гордана Димитриевска Кочовска,  од ВМРО ДПМНЕ.