Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, вечерва беше на средби со жителите од Б.С Гојчо, Панче Пешев и село Проевце.
На средбата, заеднички беше разговарано за реалните приоритети и потреби на граѓаните. Димитриевски, им се заблагодари на жителите од овие населени места за поддршката која му ја даваат во целиот овој изминат период. По победата на 17ти октомври, ќе продолжиме да ги решаваме комуналните проблеми на граѓаните во целата општина, зајакнувајќи ги подеднакво урбаните и руралните средини, затоа што нема силен град без силно село. Граѓаните на претстојните локални избори имаат единствен и вистински избор, а тоа е глас за иницијативата „За Наше Куманово“. Средбите и директната комуникација со граѓаните продолжуваат затоа што концептот „За Наше Куманово“ е од граѓаните и за граѓаните – стои во соопштението испратено до медиумите.