Стојаноска укажа на лошото владеење на СДСМ.

-РЕК Битола е во хаос, што е со хидороцентралите, тука е и однесувањето на Заев и власта во ковид кризата до каква последици доведе и што уште не, редица на случаи на криминал и корупција, рече Стојаноска ставајќи акцент на многуте кризи како корона кризата, како и актуелната енергетска криза.

Токму поради ова, рече Стојаноска, јасно е зошто се такви резултатите од локалните избори.

-Најголемиот проблем во државава е Зоран Заев. Секој дополнителен ден со Заев значи пропаст за граѓаните и државата“, посочи Стојаноска.

За локалните избори се осврна и пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева. На дебатата пратеничката Калеска Ванчева од СДСМ посочи дека „локалните функционери се шлепаа на централните политики“, на што Стојаноска и посочи „значи ли тоа дека локалните функционери немале на што да се шлепаат бидејќи добивте многу малку гласови на локалните избори“.

Стојаноска кажа дека неработењето на владата и на владеачкото мнозинство се покажа целиот мандат, бидејќи не можеше да се собере ниту мнозинство за работа на Собранието.

-Заев само лаже, вели ќе поднесел оставка, но сега не знаеме што мисли, бидејќи само ги менува ставовите, а во меѓувреме се случуваат кризи во државата. А тоа е така затоа што Заев е самобендисан и е до гуша заглавен во криминал, рече Стојаноска.