Димитриевски истакна дека во следниот мандат ќе бидат реализирани голем број на проекти кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на сите лица со попреченост.
Едни од клучните проекти ќе бидат спроведени на тој план, се отворање регионален ресурсен центар за деца со посебни образовни потреби, организирање целодневен престој за лица со попреченост вклучени во образовниот процес во основните и во средните училишта во Општина Куманово, како и отворање спортска сала за лица со попреченост.
Понатаму, бесплатен јавен градски превоз на семејства кои имаат деца со попреченост и за лица со попреченост. Ќе бидат поставени пристапни рампи и тоалети за деца со попреченост во општинските училишта.
Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ има план да формира Центар за социјализација на лица со попреченост, како и психолошка поддршка на лица кои се грижат за оваа група на граѓани.
За подобра функционалност, ќе се реконструираат тротоари во централно градско подрачје и ќе бидат адаптирани за непречено движење на лица со попреченост. Важна мерка од изборната програма претставува и олеснувањето на сите лица со попреченост во делот на комунални такси, лице придружник, обезбеден превоз за лица со инвалидитет и попреченост, рампи за лица со инвалидитет и попреченост, звучни семафори за слепи лица, како и посебни тротоари за лица со попреченост.
Советничката листа на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ ја предводи тим од професионални и стручни луѓе. Меѓунив е Бојана Младеновска која по професија е логопед, активна волонтерка и членка на Управниот одбор на Инклузива, како и поборник за правата на лицата со попреченост.
Како советник во општината ќе делува за будење на свеста на надлежните и околината за правата на овие лица, за пренесување на нивните приоритети и проблеми, а ќе помогне и во изнаоѓање начини и решение за истите. Лицата со попреченост имаат вистински пријател во иницијативата „За наше Куманово“.