Димитриевски: Вршиме притисок врз Брисел за промена на мерките за транспортерите
Во координација со сите земји кандидати за членство во Европската Унија од Западен Балкан веќе подолг период сме организирани да вршиме притисок во Брисел за да се променат мерките што ги засегаат транспортерите. Конечно на 11 февруари беа изнесени 50-тина предлози, но се уште нема разбирање од земјите членки, но тоа не значи дека работата е завршена, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитриевски.
Оваа мерка не ја засега само нашата земја, туку сите земји кандидати од Западен Балкан
Одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ, заменик-министерот рече дека оваа мерка не ја засега само нашата земја, туку сите земји кандидати од Западен Балкан.
– Заедно со нашите партнери од Западен Балкан се организиравме како влади подолг период во Брисел да вршиме притисок да дојде до промена на овие мерки и конечно на 11 февруари дојде до формирање на таа група и изнесени се 50-тина мерки, но сеуште нема разбирање од земјите членки во овој контекст, но тоа не значи дека работата е завршена, рече Димитриевски.
Рече дека овие мерки не ги засегаат само државите кандидати, туку и земјите членки од кои некои, како што рече, реагирале на овие мерки.
