Тој нагласи дека и двете земји и ЕУ ќе бидат губитници.
-Или сите ќе бидеме сите губитници или ќе бидеме сите победници. Се разбира ние имаме многу што да изгубиме ако повторно нема почеток на преговорите и нема успех. Меѓутоа мислам дека и Бугарија има многу што да изгуби, бидејќи ја пропуштаме приликата и таа треба да ја вратиме, да имаме вистинско блиско партнерство и соработка. Тоа не оди и не е компатабилно со блокирање на процесот со политиката на вето. Ќе изгуби многу и ЕУ. Ќе биде многу тешко зоборовите на ЕУ да бидат третирани со доверба и сериозност, не само кај нас, во целиот регион, рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање по настан за донација од Словачка за Клиниката за детски болести.
Затоа, додава вицепремиерот за европски прашања, мислам дека не треба да креваме раце.
-Мислам дека има посветеност во Лисабон, португалското претседателство да се направи се што може и затоа мислам дека треба да правиме се да ги искористиме шансите како ќе доаѓаат. Инаку, ако одиме по избори и календарот на избори на земјите членки секогаш ќе има некаков проблем, нагласи Димитров.
Тој вели дека нема гаранции оти земјава ќе ги почне преговорите во јуни.
– Нема гаранции да бидеме реални. Не сакам ни надежта којзнае колку да ја поткревам. Мое е да го кревам влогот и да бидам што е можно поискрен и дома и надвор, рече Димитро