Хрватскиот гигант синоќа имаше кошмарна ноќ, беше елиминиран од АЕК со два гола во судиското продолжение од натпреварот.
Тоа не беше единствената лоша вест за Динамо, брзо по натпреварот УЕФА објави казна за Хрватите.
Европската куќа на фудбалот му забрани на Динамо Загреб да има гостински навивачи на сите натпревари оваа сезона.
Причината за казната е јасна, големиот инцидент кој се случи во Атина во кој загина навивач на АЕК.