Дејвид Малпас рече дека се повлекува од функцијата претседател на Светска банка за да се насочи кон нови предизвици.
Тој беше номиниран да раководи со меѓународната финансиска институција од 189 нации пред речиси четири години од страна на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.
Банката во средата соопшти дека Малпас ќе замине до 30 јуни, речиси една година пред крајот на неговиот петгодишен мандат во април следната година.
Секретарката за финансии Џенет Јелен му се заблагодари на Малпас за раководењето со Светската банка.