Дизел горивото и бензинот од 95 октани вечерва по полноќ ќе поевтинат за по два денари од литар, додека цените на бензинот од 98 октани, како и на нафтата за домаќинствата не се менуваат. Намалување на цената ќе има кај мазутот за 1,888 денари по килограм.

Максималните цени на  нафтените деривати од вечерва по полноќ ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95          81,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98          85,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)         75,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    76,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                          39,779 (денари/килограм)