ОВЕН (21. III – 19. IV)
Дали сте работохолик? Во претстојниот период одговорот ќе биде ДА. Нема ништо лошо во тоа амбициозно да се стремите кон она што го сакате, но не заборавајте да си одделите време за уживање.

Можно е да се најдете во друштво на погрешни личности вечерва. Нивните ставови ќе ви ја ежат кожата, но морате да зачувате смиреност. Победувајте со стил.

БИК (20. IV – 20. V)
Љубовта е во воздухот, насладувајте ѝ се на нејзината арома. Ова е ден за старовремска романса, флерт и сензуалност. Истакнете ги усните со впечатлив кармин и одете на вечера за двајца со партнерот.

Соло сте? Џентлменските манири ќе ви делуваат неверојатно привлечно. Ќе ве освои некој кој секогаш е внимателен кон вас.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Она што го бараме секогаш е таму некаде за нас, но треба да вложиме труд за да го достигнеме. Денес вие ќе бидете доказ дека упорноста секогаш се исплаќа. Нешто кон кое што долго време се стремевте, сега ќе биде ваше.

Сами изберете со кого ќе ги славите вашите успеси. Не дозволувајте некој да ви го наметнува своето мислење.

РАК (21. VI – 22. VII)
Денес ќе имате спротивставени ставови со партнерот за важно прашање поврзано со заедничката иднина. Веројатно ќе треба да направите компромис за да се договорите. Не може да биде секогаш по ваше, скротете го вашето его.

Раковите со статус сингл треба да му испратат јасна порака на оној што им се допаѓа. Подготвени сте за врска или не?

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Мудро избирајте го вашето друштво денес. Ќе сакате да се забавувате, но честите средби со луѓето ќе ве истоштуваат. Прифатете ги само поканите од луѓето кои најмногу ви значат.

Комуникацијата со луѓето е многу важна во овој период. Не ги рушете мостовите кои некогаш макотрпно сте ги граделе само поради тоа што сте презафатени. Разбудете го дипломатот во вас.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Денес треба да нурнете внатре во вас и да се соочите со стари проблеми кои ви го нарушуваат мирот. Можно е личности од минатото да се враќаат во вашиот живот за да ве потсетат што е она што ве спречува да продолжите понатаму.

Сметајте на вашите пријатели. Тие ќе ви бидат најсилна поддршка во периодот што доаѓа.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Престанете со самокритики! Зарем не гледате дека сте престроги? Денес однесувајте се со себе онака како што се однесувате кон другите. Не би ги критикувале вашите пријатели за грешките од минатото или за изгледот, зарем не?

Ќе се најдете во друштво на личност која ја симпатизирате и ќе ѝ оставите силен впечаток. Подгответе се за флерт.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Погоре, погоре и на врвот! Денес планетите ќе ве поттикнат да ги следите вашите амбиции и да правите смели потези во кариерата. Благодарение на вашата храброст ќе блеснете со вашите таленти и ќе се искачите нагоре по скалилата кон успехот.

Скротете го социјалниот живот, вечерва ќе имате потреба од добар одмор за да можете да одговорите на сите барања упатени кон вас во деловниот свет.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Денес ќе вреснете во себе „Доста е“ и наместо да поминете уште еден ден обидувајќи се да задоволите туѓите очекувања, ќе тргнете кон задоволување на своите. Воопшто не грижете се што зборуваат луѓето за вас, оние што ве сакаат ќе ви ја дадат нивната поддршка.

Не прифаќајте никакви нови проекти и фокусирајте се на оние кои веќе сте ги започнале. Мултитаскингот не е за вас, не и денес.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Купидон ви шепоти на увце, убедувајќи ве да го отворите срцето за нова љубов. Денес ќе запознаете некој кој ќе ве освои на прв поглед и ќе ве увери дека не постои поубаво чувство од тоа да сте сакани.

Љубовта не мора да биде совршена. Ако сте во врска, престанете да се стремите да ја „поправите“ секој маана на партнерот. Прифатете го онаков каков што е.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Адреналинот ќе струи низ вашите вени, а вие ќе го живеете животот го максимум. Многуте непредвидливи случки ќе направат повторно да се чувствувате живо и енергично. Не запирајте, енергија нема да ви недостасува.

И самите ќе се изненадите како може истовремено да ги извршувате и вашите обврски и да уживате во дружбите. Ќе ги срушите сопствените очекувања.

РИБИ (19. II – 20. III)
Добре дојдовте на забавната страна од животот. Откако планетите ве соочија со проблемите и ве натераа да ги надминете, сега ќе ве поведат во авантура со неизвесен крај. Изненадувања ве очекуваат на секој чекор, не трепкајте премногу за да не ги пропуштите.

Онлајн ќе се поврзете со личност која ќе одигра важен дел во вашиот живот во иднина. Не ги одбивајте поканите за пријателство.