До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, информира УХМР.

Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата.