Во Скопје, сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со студени утра. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Пообили врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.