Договорот за добрососедство со Бугарија треба да се почитува и да се спроведува. Ова е црвената линија на ДУИ, исто како и Охридскиот и преспанскиот договор, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, за укинување на Договорот со Бугарија. Ахмети рече дека од овие договори зависи иднината на земјава.
-Ние имаме црвени линии. Да се почитуваат постигнатите договори, договори кои и обезбедија на земјава членство во НАТО, договори кои и обезбедија на земјава отворање на преговори за членство во ЕУ и враќање назад нема, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
За да се продолжи по патот кон ЕУ, земјава треба да направи една работа, а тоа е вметнување на Бугарите во Уставот. Што се однесува до изјавата на АА дека вметнувањето на Бугарите во Уставот го условуваат со отстранување на терминот 20% од Уставот оза Албанците, Ахмети рече дека тоа е мал проблем.
-Прашањето за измена на Уставот е прашање кое бара консензус, како политички така и етнички и прашањето за 20% кое вие го покревате е најмал проблем во однос на големите проблеми бидејќи 20% не менува ништо и јас објаснив неколку пати дека 20% е вметнато само заради постигнување компромис, додава Ахмети.
Ахмети рече дека ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ не се против да се реши овој проблем и укинувањето на 20% може да се постигне во следниот период.